Ромелу Лукаку ќе биде голема трансферна цел на Манчестер Сити следното лето, тврдат медиумите во Англија. На „Етихад“, се чини дека решиле да се разделат со Серхио Агуеро и да побараат негова замена, а Белгиецот Лукаку е на врвот на списокот.
До неодамна се сметаше дека главна трансфер цел на Сити е Килијан Мбапе од ПСЖ, но „Граѓаните“ беа шокирани од високите финансиски барања на Французинот и се откажаа од овој трансфер. Меѓу целите поставени од челниците на клубот се Ерлинг Халанд, Хари Кејн и Лаутаро Мартинез, но најновите информации се дека Ромелу Лукаку е најбараниот од сите.
27-годишниот Белгиец има искуство на теренот во Англија, каде го носеше дресот на градскиот ривал Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ тој одигра две сезони, постигнувајќи 42 гола на 96 натпревари.
Во Интер, сепак, Лукаку го покажа својот целосен потенцијал и клубот сигурно нема да сака лесно да се раздели од него. Од друга страна, Интер има доста сериозни финансиски проблеми и ова може да ги принуди да го продадат Белгиецот на лето за да ги покријат своите долгови.