Обидите на Микел Артета да го задржи играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос следната сезона може да се соочат со неочекувана пречка.
Според „Дејли експрес“, репрезентативецот на Шпанија е интересен и за Манчестер Сити. „Граѓаните“ дури имаат предност затоа што се подготвени да направат постојан трансфер во Себаљос, додека засега „топџиите“ сакаат само да го продолжат неговиот престој со позајмица за уште една сезона.
Зинедин Зидан веќе објави дека Себаљос не е дел од неговите планови, па 23-годишниот Шпанец летово ќе биде ставен на трансфер пазарот. Реал го проценува играчот од средниот ред на околу 25 милиони евра.

