Раководството на Манчестер Сити ќе му предложи нов шестгодишен договор на Бернардо Силва, вели весникот „Сан“.
Менаџерот на „граѓаните” Пеп Гвардиола е исклучително задоволен од португалскиот репрезентативец и сака да го задржи за долг период на „Етихад”.
24-годишниот фудбалер е главна фигура во редовите на шпанскиот стручњак од почетокот на сезоната и игра исклучително стабилно, па неслучајно веќе успеа да го привлече вниманието на шпанските гиганти Барселона и Реал (Мадрид).
Манчестер Сити ќе му понуди речиси двојно поголема плата на својот играч за да го убеди да потпише нов договор. Во моментов, Бернардо Силва добива 100.000 фунти неделно во клубот од „Етихад“.