Манчестер Сити има намера да го продолжи договорот за играч од средниот ред Фернандињо, пренесува весникот „Сан“.
Тековниот договор на овој фудбалер е до крајот на сезоната, но раководството на „граѓаните“ ќе му понудат едногодишно продолжување. Пеп Гвардиола сака да го задржи својот универзален играч, кој беше еден од најконстантните играчи на Манчестер Сити во последните години.
Фернандињо има 22 натпревари оваа сезона, но е преквалификуван како дефанзивен играч од средниот ред поради многу проблеми во средината на одбраната на тимот.
