Манчестер Сити ќе понуди нов договор на напаѓачот Габриел Жесус со подобри финансиски услови, пренесува весникот „Сан“.
23-годишниот Бразилец, кој има важечки договор уште три сезони, ќе добие покачување на платата од 90 000 на 120 000 фунти неделно. На англискиот клуб му се заканува 2-годишна суспензија без право на учество во Европските купови поради нарушување на финансискиот фер-плеј, поради што се верува дека некои од водечките играчи можеби ќе сакаат да го напуштат „Етихад“.
Јувентус ја следи ситуацијата и е подготвен со понуда за Жесус. Во сезоната 2019/2020, Бразилецот има 18 голови и 9 асистенции на 39 натпревари во дресот на Манчестер Сити.