Сопствениците на Манчестер Сити се подготвени да потрошат повеќе од 200 милиони фунти во текот на летниот преоден рок, и тоа само за двајца играчи.
Според „Дејли Меил“, еден од ниве е голгетерот на Борусија (Дормтунд), Ерлинг Халанд, кој треба да го замени Серхио Агуеро, додек авториот е капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш.
Освен што сака да привлече квалитетни играчи, Пеп Гвардиола сака да бидат млади затоа што ќе може да смета на нив во наредните години. Халанд ќе наполни 21 година на лето, додека Грилиш во моментов има 25 години, па и двајцата се вклопуваат во тој профил.
„Дејли Меил“ додава дека доколку Сити не успее со Халанд, Гвардиола има алтернатива која нема да биде ефтина. Тоа е голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн, за кој се погласни се шпекулациите дека ќе го напушти сегашниот клуб по ЕП 2020.

