Манчестер Сити, кој беше суспендиран од УЕФА за учество во натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа во наредните две години поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј, може да се соочи со друга казна. Станува збор за одземање на освоената шампионската титула во англиската Премиер лига во 2014 година, пренесува „Дејли меил“.
Веќе е објавено дека раководството на Премиерлигата може да донесе одлука за одземање на поени на Манчестер Ситии, бидејќи сите финансиски податоци за лиценцирање во ова натпреварување мора да се совпаѓаат со оние што клубот ги обезбедува за УЕФА. Според публикацијата, нема смисла да им се одземаат на Манчестер Сити освоените бодови оваа сезона, бидејќи клубот извршил измама во периодот од 2012 до 2016 година.
Во текот на овој период, Сити двапати стана шампион на Премиер лигата (2012, 2014 година). Во сезоната 2011/2012, Манчестер Сити ја освоија титулата пред Манчестер Јунајтед благодарение на повеќе постигнатите голови, а во сезоната 2013/2014 година, Манчестер Сити го освои првото место, освојувајќи само два бода повеќе од Ливерпул.
Сè уште не е јасно во кој период од 2012 година раководството на Манчестер Сити изврши измама со спонзорски договори со цел да ги скрие нивните загуби, така што оваа титула е во прашање. Во исто време, првенството во 2014 година дефинитивно спаѓа во горенаведениот период.