Манчестер Сити постигна договор со Валенсија за трансфер на крилниот играч Феран Торес, јавуваат шпанските медиуми.
Договорот за 20-годишниот играч е 25 милиони евра плус уште 12 милиони во бонуси. Младиот талент ќе помине медицински прегледи во Барселона, по што ќе потпише 5 годишен договор со својот нов клуб. Неговиот договор со Валенсија ќе истече следното лето.
Торес треба да биде замена за Лерој Сане, кој се пресели во Баерн (Минхен). Тој може да игра на двете крила, а повеќе е корисен на десната страна на нападот. Овој играч одигра 44 натпревари оваа сезона, во кои постигна 6 гола и 8 асистенции.