По објавата дека Хари Кејн може да се пресели од Тотенхем во Манчестер Сити за сума од 160 милиони фунти, „граѓаните“ го соопштија својот став за можноста за овој трансфер.
Извори од клубот за „Манчестер Ивнинг Њуз“ коментираат дека Манчестер Сити никогаш нема да плати ваква сума, што е повеќе од двојно од нивната највисока сума платена за купување на играч.
Според весникот „Сан“, претседателот на Тотенхем бил расположен да го продаде Хари Кејн, а дека Манчестер Сити ќе плати 160 милиони фунти за него и ќе му даде плата од 400.000 фунти неделно.
Пред неколку месеци, сепак, менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола отворено изјави дека клубот нема да даде огромна сума за нов напаѓач.