Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане , најверојатно нема да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Ова денес го објавија „Мирор“ и „Дејли Стар“.
Според истите информации. Тренерот Пеп Гвардиола му кажал на раководството на клубот да го задржи играчот во јануари. Сепак, постои голема веројатност дека играчот ќе го напушти Манчестер Сити во летниот преоден рок. Германскиот напаѓач би можел да замине во Баерн Минхен каде требаше да се пресели и минатото лето, но поради повреда на лигаментите на коленото, овој трансфер не успеа.
Сегашниот договор на 23-годишниот фудбалер со Манчестер Сити важи до 2021 година. Следното лето ќе биде една година пред истекот на договорот. Минатата сезона Лерој Сане учествуваше на 31 натпревар. Фудбалерот постигна 10 гола и додаде 11 асистенции.

