Манчестер Сити испратил понуда за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол, објави „Скај Спорт Германија“. Клупските челници веќе неколку дена преговараат за висината на трансферот.
Во моментов „граѓаните“ се подготвени да платат 90 милиони евра + бонуси за 21-годишниот Хрват. Доколку РБ Лајпциг ја прифати оваа понуда, Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во светот. Сегашниот рекордер е Хари Мегваер, за кого Манчестер Јунајтед плати 87 милиони евра на Лестер во 2019 година.
Да потсетиме, Манчестер сити ги договори условите на личниот договор со дефанзивецот.
Лајпциг треба да добие најмалку 100 милиони евра за Гвардиол.
Во сезоната 2022/2023 во Бундеслигата, Гвардиол настапи на 30 натпревари, постигнувајќи еден гол.