Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Сити по победа против РБ Лајпциг за ново четвртфинале во ЛШ
    Фудбал

    Манчестер Сити по победа против РБ Лајпциг за ново четвртфинале во ЛШ

    risteBy riste14/03/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Манчестер Сити е домаќин на РБ Лајпциг на стадионот „Етихад“ во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите. РБ Лајпциг го издржа притисокот од Манчестер Сити пред три недели и двата тима одиграа нерешени 1:1 на Ред Бул Арената, оставајќи неизвесност за реваншот.

    Риад Марез погоди за Манчестер Сити (27 минута), а Јошко Гвардиол го израмни резултатот (70 минута). „Граѓаните“ целосно доминираа во првото полувреме и на пауза заминаа со близу 75% посед на топка и седум удари кон противничкиот гол, а потоа домашните излегоа целосно мотивирани и може само да жалат што не постигнаа целосен пресврт.

    Изминатиот викенд, тимот на Пеп Гвардиола ја забележа четвртата последователна победа во сите натпреварувања, откако го совлада Кристал Палас со 1:0 благодарение на голот од пенал на Ерлинг Халанд.

    Последен пат „Граѓаните“ беа елиминирани во оваа фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2016/17, кога беа исфрлени од Монако. Сити може да го израмни рекордот на Арсенал стар 14 години за најмногу натпревари без пораз на домашен терен во Лигата на шампионите од англиските тимови. Серијата без пораз на „Граѓаните“ на стадионот „Етихад“ во ова натпреварување сега изнесува 23 натпревари, а Сити победи на 21 од нив.

    Интересен е податокот дека Пеп Гвардиола е последниот тренер кој предводел германски тим до победа на „Етихад“. Ова се случи во сезоната 2013/14, кога Шпанецот беше на чело на Баерн (Минхен). Оттогаш, германските тимови имаа девет неуспешни обиди за да победат во Манчестер. Сепак, РБ Лајпциг е без пораз во пет последователни натпревари во Лигата на шампионите.

    Викендов РБ Лајпциг ја победија Борусија (Менхенгладбах) со 3:0. Пред тоа, сепак, РБ Лајпциг загуби од Борусија (Дортмунд) на „Сигнал Идуна Парк“ во Бундеслигата, со што стави крај на нивната импресивна серија од девет натпревари без пораз во сите натпреварувања.

    Пеп Гвардиола нема никакви проблеми со повредени играчи, па може да се потпре на најдоброто што му стои на располагање. Најнепријатно за Марко Розе е отсуството на Кристофер Нкунку, кој пред две години постигна хет-трик на стадионот „Етихад“. Надвор од комбинација поради повреди се и Гулачи, Диало и Шлагер.

    Можни состави:
    Манчестер Сити: Едерсон, Волкер, Аканжи, Рубен Диаз, Марез, Б.Силва, Родри, Грилиш, Гиндоган, Де Бруин и Халанд
    РБ Лајпциг: Бласвич, Хенрих, Орбан, Гвардиол, Раум, Лајмер, Кампл, Чобочлаи, Форсбер, Вернер и Андре Силва
    Судија: Винчиќ (Словенија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.