Од раководството на Манчестер Сити ги имале првите разговори со Рахим Стерлинг за нов договор со играчот. Потенцијалниот договор би можел да го направи англискиот репрезентативец најскап фудбалер во историјата на клубот.
Вчера, претставници на „граѓаните“ се сретнаа со агентите на Стирлинг. Двете страни зборуваа помалку од еден час и не најдоа многу заеднички моменти во нивните барања. Фудбалерот во моментов добива 275.000 фунти неделно, а неговата нова плата би можела да надмине 350.000 фунти.
Клубот е уверен во врска со иднината на фудбалерот, откако потпиша петгодишен договор со поранешниот крилен напаѓач на Ливерпул минатата година во ноември. Формата на Стирлинг, сепак, продолжува да оди во нагорба линија веќе втора сезона по ред, а од Манчесетер Сити сакаат да си го обезбедат играчот затоа што за неговите услуги сериозно е заинтересиран Реал Мадрид.