Манчестер Сити продолжува со плановите за спектакуларен летен избор и привлекување на две од ѕвезди на англиската репрезентација – Хари Кејн и Џек Грилиш за вкупна сума од 225 милиони фунти, објави весникот „Сан“ на своите страници денес.
Новиот скандал што избувна вчера во врска со кршењето на Финансискиот ферплеј од страна на „граѓаните“ и истрагата што против нив се води од ФА, барем засега, нема да има влијание на плановите на раководството за реализација на овие планови.
Манчестер Сити продолжува со обидите да го убеди Тотенхем да ја намали цената од 170 милиони фунти, како што беше наведено минатата недела.
Во исто време, разни медиуми на островот тврдеа дека шампионот сепак ќе се согласи да плати цена од околу 150 милиони фунти. Другата опција, која раководството активно ја разгледува, е да се вклучи во зделката барем еден играч во насоката кон Лондон и со тоа да го намали износот што треба да се плати.
Ситуацијата со Грилиш е уште понејасна, бидејќи самиот играч не одлучи дали сака да ја напушти Астон Вила. Се проценува дека тимот од Бирмингем ќе побара за својот капитен околу 100 милиони фунти, но досега Сити не стапил во никаков контакт со клубот.