Манчестер Сити ќе ги одбие понудите кои ќе пристигнат од Арсенал, објави „Фудбал Инсајдер“.
Претходно Манчестер Сити на Арсенал му ги продаде дефанзивецот Александр Зинченко и напаѓачот Габриел Жесус. Клубот е задоволен од направените зделки, но сака да ја ревидира трансфер политиката по настапите на екипата предводена од Микел Артета оваа сезона. Во летниот преоден рок „Граѓаните“ ќе ги одбијат сите понуди од лондонскиот клуб.
Арсенал е прв на табелата во Премиер лигата со 73 бода по 30 кола. Манчестер Сити заостанува шест бода зад Арсенал, но има еден натпревар помалку.Може да се случи токму нивната директна пресметка да биде решавачка во исходот во битката за титулата во Премиер лигата.