Екипата на Манчестер Сити вечерва го игра полуфиналето од ФА купот на Англија, а противник им е тимот на Брајтон.
Во составот на Пеп Гвардиола се враќа Серхио Агуеро. Пеп Гвардиола, менаџерот на „Граѓаните”, рече дека напаѓачот бил „речиси подготвен” откако го пропушти натпреварот од оваа недела поради повреда. Александр Зинченко, кој имаше поведа на мечот со Кардиф, отпадна од составот за оваа средба. Бенџамин Менди е подготвен да игра, но тој нема да брза со негово ангажирање на оваа средба.
Во Брајтон ќе мора да почекаат на последниот фитнест тест за состојбата со Соли Марч и Јурген Локадија. И двајцата се опоравуваат од повреда на мускулот. Гледано низ историјата Манчестер Сити не остава многу шанси за Брајтон. Оваа екипа ги изгубија сите три натпревари во Премиер лигата против „граѓаните” со разлика од 1:7, и се без победа над својот противник веќе 30 години.
„Тие во моментов се еден од најдобрите тимови во светот, ако не и најдобриот. Тие имаат многу висока класа играчи. Тие не само што се технички супериорни, туку и многу добро физички дејствуваат. Но, ние ќе бидеме многу, многу мотивирани. Ќе биде глупаво да се надигруваме со нив, но сигурно ќе се обидеме да ги победиме”, изјави менаџерот на Брајтон Крис Хатон.
„Кога бев дете во Каталонија, гледав еден натпревар од финалето на ФА Купот. Ми се допадна повеќе од натпреварите во Премиер Лигата. Поради традицијата, навивачите, менаџерите. Јас нема да кажам дека овој меч не е посебен за мене. Клубот го освои 5 пати овој трофеј и сакаме да го освоиме и шестиот. Затоа ќе пробаме да победиме”, коментираше Пеп Гвардиола.