Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Сити против Атлетико Мадрид, Пеп против Чоло !
    Фудбал

    Манчестер Сити против Атлетико Мадрид, Пеп против Чоло !

    risteBy riste05/04/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва од 21 часот се игра првиот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ова е еден од најинтересните дуели од оваа фаза на шампионската лига.

    Еден против друг се шампионите на Англија и Шпанија и секој ќе сака на најдобар можен начин да ја одбрани својата чест и да оди понатаму. Натпреварот е интересен поради средбата на две од најдобрите тактики во модерниот фудбал – Пеп Гвардиола и Диего Симеоне, кои ќе соочат еден против друг на клупата на своите екипи.

    Манчестер Сити стигна до оваа фаза, елиминирајќи го Спортинг (Лисабон). „Граѓаните“ на првиот меч во Португалија го победија противникот со 5:0, а во вториот меч одиграа без голови на „Етихад“.

    Во исто време Атлетико (Мадрид) се пласираше во оваа фаза откако во 1/8 финалето го елиминираше Манчестер Јунајтед. Првиот натпревар во шпанската престолнина заврши 1:1, но во вториот натпревар на „Олд Трафорд“ Атлетико Мадрид славеше со 1:0. Така што Шпанците веќе знаат како треба да играат за да победа во Манчестер, а тоа треба да го имаат на ум играчите на Манчестер Сити.

    Интересно, ова ќе биде прва пресметка на овие два тима на европска сцена, бидејќи никогаш досега не се сретнале. Сепак, двајцата тренери Гвардиола и Симеоне имаа три пати шанса да ги одмерат силите, билансот меѓу нив е доста интересен. Шпанецот има 2 победи и 1 пораз со гол разлика 4:3 (предводејќи ги Барселона и Баерн Минхен). Сепак, Аргентинецот има подобри сеќавања од нивната последна средба, бидејќи го елиминираше Баерн Минхен предводен од Пеп Гвардиола во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2016 година (1:0 и 1:2).

    Манчестер Сити не може да се пофали со особено добри резултати на претходните средби со шпанските екипи. Во нивните 21 натпревари, „Сити“имаат 8 победи, 8 порази и 5 нерешени.

    Во исто време, Атлетико Мадрид има доста слични показатели во натпреварите со Англичаните. Во 37 натпревари Атлетико Мадрид имаат 14 победи, 11 порази и 12 нерешени.

    Проблемите за домашната екипа се во одбраната. Денеска ќе го нема казнетиот Кајл Вокер, како и повредениот Рубен Диас. Добрата вест е што Џон Стоунс успеа да се опорави од проблемот со кој се соочи во кампот на репрезентацијата на Англија.

    Свои проблеми имаат и гостите. Јаник Фереира Караско е суспендиран, а Хозе Хименез е повреден. Мечот ќе го пропушти и Хектор Ерера. Родриго Де Пол и Ренан Лоди имаа полесни повреди, но се очекува да бидат во составот на вечерашниот натпревар.

    Веројатни состави:
    Манчестер Сити: Едерсон, Кансело, Лапорт, Стоунс, Зинченко, Силва, Родри, Де Бруин, Марез, Фоуден, Стирлинг.

    Атлетико Мадрид: Облак, Савиќ, Хермосо, Реинилдо, Љоренте, Де Пол, Кондогбија, Коке, Лоди, Гризман, Феликс.

    Стадион: Етихад, Манчестер
    Судија: Иштван Ковач (Романија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.