Тотенхем го победи Њукасл со 1:0 во одложениот натпревар од 31-то коло на англиската Премиер лига и по нерешениот резултат 1:1 на Челзи против Хадерсфилд си обезбеди учество во Лигата на шампионите втор сезона по ред.
Победоносниот гол за Тотенхем го постигна Хари Кејн во 50. минута. Во текот на целиот натпревар Тотенхем доминираше и беше јасно дека се решени да дојдат до победа на оваа средба.
Во исто време шампионот Манчестер Сити го совлада Брајтон со 3:1 во другиот одложен натпревар од оваа рунда и подобри три рекордот – број на победи во една сезона (31), број на постигнати голови во една сезона (105) и освоени поени во една сезона (97). Досега овие достигнувањата беа во сопственост на Челзи – 30 победи во сезоната 2016/17, 103 гола во сезоната 2008/09 и 95 поени во сезоната 2004/05.
Фудбалерот на Манчестер Сити Јаја Туре синоќа го одигра последниот домашен натпревар за „граѓаните” и излезе на теренот поздравен со шпалир од своите соиграчи и противничките играчи.