Манчестер Сити покажува интерес за двајца играчи на Астон Вила. Според „Дејли Стар“, Манчестер Сити планира да ги купат 25-годишниот Англичанец Џек Грилиш и 22-годишниот Бразилец Даглас Луиз.
Од страна на Сити се подготвени да платат околу 100 милиони евра на тимот од Бирмингем за двата играчи. Оваа сезона во англиската Премиер лига, Грилиш одигра 8 натпревари, на кои постигна 5 гола и направи 6 асистенции. Трансфермаркт го проценува 25-годишниот играч за врска на 45 милиони евра. Даглас Луиз има 2 асистенции на 8 натпревари оваа сезона.
Трансфермаркт ја проценува цената на 22-годишниот фудбалер за врска на 27 милиони евра. Астон Вила во моментов е на 5-то место на табелата во Премиерлигата со 15 бода, додека Манчестер Сити со 12 е на 10-то место.

