Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ја одби првата понуда од Манчестер Сити. „Граѓаните“ му упатиле неверојатна понуда, но Норвежанецот рекол „Не“, пишува „АС“.
Се вели дека Халанд има откупна клаузула во договорот вредна 75 милиони евра. Ова го прави повеќе од атрактивен на трансфер пазарот. Манчестер Сити е еден од најсериозните кандидати за неговиот потпис, па од „Етихад“ му испратиле понуда вредна 500 илјади фунти неделно, но таа засега е одбиена.
Халанд целосно не ја исклучува можноста да премине во редовите на англискиот шампион. Сепак, тој сака да почека да види каква понуда ќе добие од Реал Мадрид пред да ја донесе конечната одлука.
Во меѓувреме се доведуваат во прашање и информациите за предметната откупна клаузула која можеби ја нема. Во оваа ситуација Борусија (Дортмунд) ќе може да бара многу повисока цена за 21-годишниот Норвежанец. Се очекува да надмине 100 милиони евра. Ова многу ќе ја промени состојбата на пазарот и сигурно ќе го намали бројот на кандидати за потпис на голгетерот.