Играчот од средниот ред на германски Лајпциг, Кристофер Нкунку може да ја продолжи кариерата во англиското првенство.
Според одредени извори, Манчестер Сити е заинтересиран за 23-годишниот француски фудбалер. На натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу двата тима, играчот од средниот ред постигна хет-трик. Кристофер Нкунку оваа сезона одигра осум натпревари за Лајпциг, постигна шест гола и три асистенции.
Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 43 милиони евра. Фудбалерот се пресели во Лајпциг во 2019 година од ПСЖ. Во тековната сезона на англиското првенство, Манчестер Сити по шест одиграни кола со 13 бода се наоѓа на второто место на табелата, со бод помалку од Ливерпул.