Манчестер Сити и Рахим Стирлинг не успеаја да се договорат за потпишување на нов долгорочен договор. Според „Скај Спорт“, причината за ова се финансиските барања на 23-годишниот играч.
Претставниците на англискиот репрезентативец разговарале со преставниците на клубот двапати по крајот на сезоната, но не постигнале договор. Желбата на клубот беше новиот договор, кој требаше да го задржи Стирлинг на „Етихад” до 2022 година, да биде потпишан пред почетокот на Светското првенство. Но, ова очигледно не може да се случи, бидејќи денес играчот ќе патува за Русија.
Во моментов не се предвидени нови разговори меѓу двете страни. Се очекува Стирлинг, кој минатата сезона постигна 23 гола за Манчестер Сити во сите натпреварувања, а тоа му донесе место во стартниот состав на Англија на СП во Русија