Манчестер Сити контактираше со претставниците на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, објави „Мундо Депортиво“.
Претходно беше објавено дека Барселона веќе започна да го испитува теренот за да дознае за позицијата на Мартинез во италијанскиот клуб. Но, пред некој ден се појавија гласини дека Манчестер Сити исто така бил во контакт со аргентинецот со цел да го убеди играчот да се пресели во англискиот тим. Клубот е подготвен да ја удвои сегашната плата на Мартинез.
Манчестер Сити има намера да го купат овој играч кој би го заменил напаѓачот Серхио Агуеро, чиј договор истекува во летото 2021 година. Лаутаро Мартинез учествуваше на 22 натпревари на Интер во сите натпреварувања оваа сезона. 22-годишниот играч постигна 13 голови и направи 4 асистенции.