Фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди би можел да се пресели во Манчестер Сити. „Граѓаните“ бараат играч кој може да го замени Родри кој заработи повреда на лигаментите на коленото.
Според шпанскиот „Релево“, играчот од средниот ред на Реал Сосиедад стана нивна трансфер цел.
Англискиот шампион би можел да се обиде да го ангажира 25-годишниот играч уште во јануари, искористувајќи го фактот што Зубименди допрва треба да го продолжи договорот со неговиот сегашен клуб и неговата ослободителна клаузула останува на 60 милиони евра. Зубименди минатото лето беше трансферна цел на Ливерпул , но овој трансфер не успеа да се реализира.

