Манчестер Сити уште во јули бил информиран за одлуката на независната комисија во врска со финансиските прекршувања на клубот, објави ЕСПН. И покрај тоа, раководството на англискиот шампион продолжило со планираните големи инвестиции во летниот преоден рок.
Според информациите, комисијата го прогласила клубот за виновен по 114 од вкупно 115 главни обвиненија. Одлуката официјално била објавена во петокот, но во Манчестер Сити наводно ја знаеле уште неколку месеци претходно.
Во летниот преоден рок Сити потроши близу 450 милиони фунти за засилувања, а трансферите на Елиот Андерсон и Енцо Фернандес двапати го надминаа клупскиот рекорд.
Претседателот Халдун Ал Мубарак во писмо до навивачите им се заблагодарил за поддршката и порачал дека клубот ќе продолжи да ја докажува својата невиност. Раководството најавува жалбена постапка, што може дополнително да го одложи конечниот исход.
Засега нема конечна одлука за евентуалните санкции, а можно е разрешницата да не биде позната ниту до крајот на актуелната сезона

