Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчини: Балотели и Белоти ќе бидат повикани кога ќе бидат подготвени 100 %
    Фудбал

    Манчини: Балотели и Белоти ќе бидат повикани кога ќе бидат подготвени 100 %

    risteBy riste09/10/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Марио Балотели ќе биде повикан во репрезентацијата на Италија тогаш кога ќе биде во добра форма, за да биде корисен на тимот, изјави селекторот на „азурите” Роберто Манчини на прашањето зошто напаѓачот е надвор од тимот за двата натпревари кои се играат овој месец.

    Тренерот рече дека истото важи и за напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, а причините за неговото не повикување се чисто спортско-технички.

    Балотели беше повикан за првиот натпревар на Манчини на чело на тимот во мај, но од почетокот на оваа сезона има одиграно само три средби за својот клуб Ница и сеуште нема постигнато гол. А за натпреварот против Тулуз изминатиот викенд дури и не беше во составот.

    Белоти од Торино има осум натпревари во Серија А оваа сезона со постигнување на два погодока, а тоа е недоволно за да го импресионира селекторот Манчини.

    „И двајцата не се во најдобра форма во моментов, но се дел од проширениот состав и вратите и за нив, како и за секој квалитетен фудбалер, се отворени постојано. Кога че бидат подготвени 100 %, ќе бидат повикани“, изјави Манчини.

    Италија ја пречекува Украина во петок во Џенова, а во среда ќе гостува кај Полска во рамките на Лигата на нации.

    За овие два натпревари селекторот најави состав, полн со млади играчи и дебитанти, велејќи дека сака да види уште играчи пред стартот на квалификациите за Евро 2020 во март. Ова исто така се случи во натпреварот против Португалија, загубија со 0:1 во септември, а Манчини го постави својот тим како тим до 23 години.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алегри го објави датумот на кој ќе се решава неговата иднина

    28/05/2023

    Челзи е подготвен да го сруши трансфер рекордот на Реал за да го купи Винисиус

    28/05/2023

    Романо: „Лионел Меси заминува од ПСЖ, донесена е одлука“

    28/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алегри го објави датумот на кој ќе се решава неговата иднина
    • Челзи е подготвен да го сруши трансфер рекордот на Реал за да го купи Винисиус
    • Романо: „Лионел Меси заминува од ПСЖ, донесена е одлука“
    • Алварез може да го напушти Манчестер Сити поради Халанд
    • Бостон со звукот на сирената се избори за мајсторка против Мајами
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.