Фудбалерите на Италија денеска од 18.00 часот на стадионот во Рим ќе се сретнат со Велс во последното коло во групата „А“ на Европското првенство.
„Аѕурите“ претходно славеа против Турција и Швајцарија додека Велшаните ремизираа со Швајцарците а ги совладаа Турците. Селекторот на Италија, Роберто Манчини , вели дека неговиот тим сака да ги освои трите бода и да ја задржи фанатстичната серија без пораз.
„Велс е високо рангиран на листата на ФИФА и има квалитетни фудбалери. Велс е типичен британски тим, физички силен. Ќе се обидеме да победиме“ – изјави Манчини. Во вторио дуел во групата ќе играат Швјацарија и Турција.
