Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчини: „Доминиравме во текот на натпреварот, сега цела Италија може да слави“
    Фудбал

    Манчини: „Доминиравме во текот на натпреварот, сега цела Италија може да слави“

    risteBy riste12/07/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на Италија, Роберто Манчини, го предводеше својот тим до втората европска титула во историјата на Италија. Неговата селекција го доби финалето на Евро 2020 против Англија на „Вембли“ на пенали.

    Италијанците примија гол на стартот на натпреварот, но тренерот верува дека после тоа неговиот тим доминираше на натпреварот. Низ солзи во очите, тој рече дека сега секој во неговата татковина може да слави.

    „Момците добро се снајдоа. Примивме ран гол и тоа ни ја отежна работата, но од тој момент доминиравме. Моите играчи се фантастични, не знам што друго можам да кажам. Ова беше важен успех за сите луѓе во нашата земја“, рече Манчини.

    Ова беше 34-ти последователен натпревар без пораз за Италија под водство на овој селектор, а последен пат беа поразени од Португалија во 2018 година.

    „Среќен сум што играме добро и победуваме. Верувам дека сите слават токму сега. Среќни сме и само тоа е важно. Се чинеше неверојатно дури и да се размислува за тоа, но момчињата беа неверојатни. Немам зборови, тие се одличен тим. Не беше лесен натпревар, всушност беше доста тежок, но сепак доминиравме. Потребна ви е и малку среќа со пеналите. Затоа малку ми е жал за Англија. Нашиот тим порасна многу, но сепак можеме да напредуваме. Среќен сум за сите Италијанци, немам зборови“, заврши Манчини.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.