Откако Велика Британија и УЕФА останаа на одлуката да нема навивачи од Шпанија, Италија и Данска на завршните мечеви на Европското првенство поради зголемениот број на заразени со ковид-19, реагираше селекторот на Италијанците, Роберто Манчини.
„Мислам дека не е фер. Подобро е кога има полни трибини а враќањето на навивачите е одлично фудбалот. Мислам дека одлуката не е коректна. Едната половина требаше да биде исполнета со Италијанци а другата со Шпанци“ – рече Манчини.
УЕФА дозволи на стадионот – „Вембли“ да има 60.000 луѓе, но, тоа ќе бидат главно локални навивачи или Италијанци, Шпанци и Данци кои живеат и работат на Островот.

