Поранешниот селектор на Италија Роберто Манчини ќе ја предводи репрезентацијата на Саудиска Арабија.
Според инсајдерот Николо Шира, Италијанскиот фудбалски стрчњак ќе потпише договор до 2026 година и ќе заработува 20 милиони евра годишно.
Роберто Манчини на почетокот на овој месец објави дека се повлекува од италијанската репрезентација на 10 месеци пред почетокот на ЕП 2024 и на само еден месец од следниот натпревар на Италија во квалификациите и тоа токму против Македонија.
Сега е сосема јасно дека Роберто Манчини добил мотив плус да направи промена на работата, а таа е пресметана во сосема солидна плата која ќе ја добива во Саудиска Арабија.