Италијанските медиуми излегоа со најава на можниот состав на Италија кој ќе истрча на дуелот со Македонија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Европскиот првак треба да игра во формација 4-3-3 . На голот се очекува Донарума, во одбраната, Флоренци, Манчини, Бастони и Емерсон, во средниот ред, Барела, Жоржињо и Берарди а во нападот Верати, Имобиле и Инсиње.
Мечот од 20.45 часот ќе биде одигран на стадинот во Палермо. Ќе биде искористен целиот капицитет од 36.340 седишта.