Селекторот на фудбалерите на Италија, Роберто Манчини, објави дека Лоренцо Пелегрини и Николо Заниоло ја напуштиле репрезентацијата.
„Одредени репрезентативци имаат физички проблеми. Заниоло и Пелегрини не се добро, денеска си одат дома. Ја проценуваме состојбата на Барела. Другите играчи се добри. Натпреварот ќе биде значаен, но, мора да останеме смирен“ – вели Манчини.
Италија ќе игра против Швајцарија на 12 ноември. Двете селекции имаат по 14 бодови в пресрет на последните две кола.

