Италија загуби уште еден играч пред решавачкото гостување кај Северна Ирска. Голманот Салваторе Сиригу нема да патува со тимот и веќе се врати во својот клуб Џенова. „Азурите“ имаат ист број бодови со Швајцарија на врвот во групата Ц од светските квалификации.
Тимот на Роберто Манчини е прв според гол разликата. Италијанскиот селектор нема да може да смета на уште неколку играчи. Алесандро Бастони, Давиле Калабрија и Кристијано Бираги го напуштија таборот на тимот во последните 24 часа поради различни причини.
Во тимот беа повикани Давиде Запакоста и Џан Марко Ферари. Уште пред собирот на играчите беше јасно дека натпреварите ќе ги пропуштат Џорџо Киелини, Чиро Имобиле, Николо Ѕаниоло и Лоренцо Пелегрини.