Селекторот на фудбалерите на Италија, Роберто Манчини, по вчерашниот пораз на домашен терн од Англија на стартот на квалификациите за ЕП во 2024 година, вели дека треба да се направи радикална промена.
„Примивме лесни голови во првиот дел. Во вториот дел бевме подобри но, немавме сила за реми“ – вели селекторот на „аѕурите“.
„Имаме уште девет натпревари до крајот . Можеби денеска загубивме но, има уште многу да се игра“ – изјави Манчини.