Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, потенцира дека ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, не ги покажува добрите партии од минатото кога станува збор за лигата на шампионите.
„Старата дама“ од Торино во првата 1 /8 финална пресметка загуби на теренот на Атлетико Мадрид со 2 спрема 0. Во пресрет на реваншот во Италија, Манчини вели избраниците на Алегри ќе имаат навистина тешка задача да обезбедат место меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите.
„Јувентус – Атлетико? Знаат дека тоа ќе биде тежок натпревар. Не постои магична формула за пресврт иако Јувентус е многу искусен тим. Роналдо не ги прави работите во Лигата на шампионите како што тоа го правеше во минатото, но, тој е секогаш тука за големи работи“ – изјави Манчини.