Селекторот на Италија, Роберто Манчини, не ја потценува Австрија и прави планови за евентуално изведување на пенали доколку мечот заврши без победник.
Италијанците и Австријците ќе се сретнат утре на стадионот –„Вембли“ во осмина-финалето на Европското првенство. „Газета дело Спорт“, тврди, дека Манчини го направил и списокот на фудбалери кои треба да шутираат од белата точка, тоа се: Жоржињо, Чиро Имобиле, Франческо Ачерби, Доменико Берарди и Леонардо Бонучи.
„Аѕурите“ во групната фаза забележаа три победи со гол разлика 7-0. Австријците беа во нашата група и забележаа две победи.

