Роберто Манчини кој вчера изненадувачки најави дека го напушта кормилото на италијанската фудбалска репрезентација, најверојатно тренерската кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Манчини најави заминување од италијанската репрезентација10 месеци пред почетокот на Евро 2024 година. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, 58-годишниот специјалист има голема понуда од Саудиска Арабија вредна околу 18 милиони евра годишно и најверојатно ќе ја прифати.
Манчини се уште не се согласил на новата работа, но саудиската репрезентација активно го убедува.
Претходно стана јасно дека Антонио Конте, Лучијано Спалети, Фабио Канаваро и Даниеле де Роси се на листата на кандидати за негов наследник на селекторската функција во Италија.