Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сподели своите очекувања за натпреварот Финалисима 2022 против репрезентацијата на Аргентина.
„Вембли е импресивен стадион. Тоа е особено значајно бидејќи пред една година овде славевме победа на ЕП. Дали овој натпревар може да го разубави отсуството на италијанската селекција на претстојниот Мундијал? Не многу, но ќе уживаме во играта. Италија против Аргентина е една од најголемите средби во историјата на фудбалот. Тоа ќе биде одлична игра. Италија може да приреди одлично шоу“, изјави Манчини за „Мундо Депортиво“.
Натпреварот Финалисима помеѓу Италија и Аргентина во 2022 година ќе се одигра утре, 1 јуни, на стадионот Вембли во Лондон (Англија) со почеток во 20:45 часот.