Марио Манџукиќ би можел да го засили Манчестер јунајтед, каде што е можно да игра со својот соиграчот од Јувентус, Пауло Дибала, кој е пред трансфер во овој клуб.
Аргентинецот е во преговори со „црвените ѓаволи“ како дел од договорот за трансфер на Ромелу Лукаку во Торино.
Според „Газета дело спорт“, Манџукиќ беше ставен на тгрансфер пазарот. 33-годишниот Хрватски интернационалец не се вклопил во шемата на Маурисио Сари. Новиот тренер би сакал многу повеќе да го користи Гонзало Игуаин на позицијата во нападот.
Самиот Манџукиќ нема ништо против да го почуствува ритамот на англиската Премиер лига. Се шпекулира дека Хрватот ќе добива 6 милиони евра годишно доколку се пресели на „Олд Трафорд“.