Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ изјави дека неговиот договор со катарскиот Ал-Духаил е раскинат со заемна согласност од двете страни.
„Јас постигнав договор со раководството на Ал-Духаил за раскинување на мојот договор со меѓусебна согласност. Ја ценам довербата и гостопримството со кои се соочив во Катар и им посакувам се најдобро на клубот и играчите во иднина“, напиша Манџукиќ на својот профил на Инстаграм .
https://www.instagram.com/p/CCQyGizDzjg/?utm_source=ig_web_copy_link
Претходно беше објавено дека Манџукиќ повторно може да биде во првенството на Италија. Според одресени информации, неколку клубови во Серија А, како и турските Фенербахче и Галатасарај, се заинтересирани за услугите на Манџукиќ. Самиот играч има намера да се врати во Италија, каде што четири сезони ги бранеше боите на Јувентус.