Корпулентниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ, откако го загуби местото во првата постава кај тренерот, Маурицио Сари, сега се подготвува за нов предизвик во кариерата, најавија италијанските медиуми.
Репрезентативецот на Хрватска ќе се пресели во Катар во тимот на Ал Гарафа и ќе заработува по шест милиони евра во наредните три сезони.
Јувентус за продажбата на 33-годишниот играч ќе инкасира 10 милиони евра. Трансферот најверојатно ќе биде комплетиран до крајот на месецов.