Садио Мане кој имаше инцидент со клупскиот соиграч во Баерн Минхен, Лерој Сане и на некој начин принудно си замина од Германија, вели дека бил разочаран од односот кон него.
„Тоа што го напуштив Баерн на таков начин ме повреди. Знам дека ќе бев од голема помош но, без разлика на се, му пожелувам се најдобро на клубот и на навивачите“ – рече брзоногиот фудбалер.
Сенегалецот во текот на летово се пресели во Саудиска Арабија во дресот на Ал Наср.

