Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, ги договорил личните услови со Баерн Минхен и неговиот трансфер е речиси готов, објавија денеска дел од медиумите во Германија.
Иако „црвените“ ја одбија првата понуда која беше вредна околу 30 милиони евра, добро упатени извори тврдат дека трансферот е речиси 90% сигурен.
Интернационалецот од Сенегел треба да потпише договор со Баварците на четири или пет сезони и да добива годишна плата од 20 милиони евра.

