Англиските медиуми денеска информираат дека Садио Мане, наводно, го известил клупското раководство дека летово сака да си замине од „Енфилд“. Со тоа се потврдуваат шпекулациите дека Сенегалецот кариерата ќе ја продолжи во некој од заинересираните европски гиганти, а во прв ред се Реал (М) и Баерн (М).
Мане им рекол на првите луѓе во Ливерпул дека сака нов предизвик. Договорот на Сенегалецот со „црвените“ истекува во летото 2023 година.