Голгетерот на Ливерпул, Садио Мане, не сака да разговара за неговиот договор со „црвените“ пред да се одигра финалето во Лигата на фудбалските шампиони против Реал Мадрид закажано за в сабота.
Сенегалскиот напаѓач има обврска да остане на „Енфилд“ до 30 јуни во 2023 година.
Неговиот партнер во нападот, Мохамед Салах, кој исто така има договор за уште една година, денеска изјави, дека сигурно ќе остане во четата на Јирген Клоп.