Фудбалерите на Сенегал вчера одиграа нерешно 2 спрема 2 со Јапонија во рамките на второто коло во групата „Х“ на Мундијалот во Русија. Напаѓачот на африканскиот состав, Садио Мане, кој беше проглaсен за играч на мечот, изјави, дека е разочаран од епилогот и дека неговата селекција заслужила да оствари победа. Токму Мане малку и со помош на фортуната, успеа да го отвори резултатот уште во 11. минута.
„Бевме разочарани бидејќи бевме многу блиску до победата. Започнавме добро, постигнавме гол и создадовме многу шанси. Мора да кажам дека и противникот исто така играше на високо ниво. Нашиот трет натпревар во групата ќе биде одлучувачки. Ќе мора да се подготвиме добро бидејќи сакаме да продолжиме во наредната фаза ” – изјави црномурестиот фудбалер.
Селекциите на Јапонија и Сенегал со по четири бодови го делат првото место во групата „Х“, Колумбија има три а Полска е последна без бод.