Фудбалерот, Садио Мане, кој денеска треба да го парафира договорот со Баерн Минхен, вели дека бил крајно изненаден кога неговиот агент задолжен за трансфери му соопштил дека Баварците сакаат да го купат.
„Бев запрепастен. Баерн е голем клуб кој секогаш атакува на трофеи“ – изјави Сенегалецот кој ќе има годишна плата од 18 милиони евра .
Ќе потсетиме дека Ливерпул за неговиот трансфер инкасираше 32 милиони евра а сумата може да се зголеми за дополнителни девет доколку се остварат одредени бонуси.