Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане ги сподели своите размислувања за последните засилувања на клубот.
„Не се само фановите кои се воодушевени кога го видоа Алкантара во Ливерпул. Секако, јас и моите соиграчи бевме среќни што во тимот имаме играч од ова ниво. Тоа нè прави подобри. Од првиот ден гледам што прави Алкантара на тренинг и во играта против Челзи. Сигурен сум дека ќе не однесе на повисоко ниво. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со Константинас Цимикас и Диого Жота. Добри играчи, и тие исто така ќе го пообрат кваилетот на тимот, што за нас, но и за навивачите е многу значајно“, изјави Садио Мане.
Во сезоната 2020/2021 во англиската Премиер лига, Ливерпул победи на двата воведни натпревари – против Лидс (4:3) и Челзи (2:0).

