Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мане со хуман гест, му помогнал на дете кое настрадало во сообраќајна несреќа
    Фудбал

    Мане со хуман гест, му помогнал на дете кое настрадало во сообраќајна несреќа

    risteBy riste09/02/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Ливерпул и Сенегал, Садио Мане му даде финансиска помош на едно камерунско семејство.

    По 1/8-финалниот натпревар од Купот на Африканските нации со Зеленортските Острови (2:0), сенегалскиот напаѓач мораше да ја посети болницата за да биде прегледан во врска со можен потрес на мозокот. Во медицинска установа Мане дознал за повреденото дете и платил за неговото лекување.

    „Во Бафусам, Мане направи хуман гест во корист на едно семејство. Мотоциклот удрил во нивното дете, имало скршеници и повреди по целото тело. Бил блиску до смртта, а неговите родители не можеле да си дозволат да го платат лекувањето. Садио Мане се сретнал со семејството и прашал што е работата. Ситуацијата му била објаснета и тој му дал на семејството 400.000 CFA франци (малку повеќе од 600 евра)“, објавија медиумите во камерун.

    Мане се појави на секој од седумте натпревари на Сенегал на КАН 2021 година, постигнувајќи три гола и две асистенции. Во финалниот меч со Египет, Садио Мане во 7. минута од средбата не успеа да реализира пенал, но се поправи во серијата пенали по мечот и донесе победа на својата репрезентација на турнирот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови

    27/03/2023

    И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти

    27/03/2023

    Денеска тест против Фарските острови

    27/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    • И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти
    • Денеска тест против Фарските острови
    • Барселона со нов договор за Балде
    • Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.