Македонската фудбалска репрезентација вчера ги стартуваше подготовките за двата квалификациски натпревари против Италија и против Малта на гости во квалификациите за ЕП 2024.
Дефанзивецот Јован Манев вели дека верува дека сите фудбалери ќе го дадат максимумот против Италија.
„На Италија никој не може да и се заканува. Сите знаеме за каква сила во фудбалот станува збор. Фудбалски е да се надеваме на позитивен резултат. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот. Ако не веруваме, нема да бидеме тука”, изјави Манев.